Sunday, March 19, 2017

Мојо вид уметност.

Фотографии од нас, младост,
Патетични смешки - исчекуваат,
Старци надежни одолвлекуваат,
Демонска насмевка, пцува,
врз вашата радост.

Погледни уште колку сеуште има,
Од време кога Загор читавме,
Безделни, по авантури скитавме,
Удавени, збор за осека,
а се што знаеме е плима.

Ги напуштивме ние хероите,
Глупи комерцијални морони,
За некое си подобро - сони,
Стрипови во црно-бело,
а зборуват за боите.

Ние го корниме последниот цвет,
Колку убаво ти го коваме падот,
Молите живот, а живее гадот,
Солзите се повик за емпатија,
На грешка сте свет.

Не знаеме што, до дно не симна,
Царство од мизерија и садисти,
Недистинктивни, потполно исти,
Оваа не е моја, на милион
е клетници, оваа химна.

No comments:

Post a Comment